Бен Спиз влегува во втората половина на Светскиот Шампионат 2011 во Мото ГП со 10 бода помалку од Валентино Роси во битката за петата позиција во генералниот пласман.
По четири последователни добри резултати, вклучувајќи ја и победата во Асен, Спиз ја намали предноста на Роси и во Брно ќе се обиде да ја продолжи добрата серија.
“Навистина беше одлично да си дома со пријателите и фамилијата во Тексас и да се одморам од трките. Сега се враќам на моторот и размислувам посебно за Брно, бидејќи е патека на која навистина уживам.”
“Беше добра патека за мене во Супербајк и покажавме одличен потенцијал минатата година, во која за малку ќе имав и пол позиција и мислам дека ќе се борев за подиум доколку ги немав проблемите рано во трката.”






























