Кејси Стонер изјави дека за да ја освои титулата на Мото ГП 2011 ќе мора да ризикува за да ги задржи ривалите позади него.
Австралијанецот влегува во летната пауза со пет победи од десет трки и само една трка без подиум на Шпанското ГП.
Моментално има предност од 20 поени пред Хорхе Лоренцо во генералниот пласман и 50 поени пред трето пласираниот Андреа Довициозо.
“Мислам дека постојаноста нема да победи во шампионатот.”, изјави Стонер. “Мора да се победува на трките и да се ризикува. Според мене тоа е клучната работа која ќе го одлучи шампионатот.”
“Ние правиме најдобро што можеме секогаш кога сме на патека, но доколку некој од деновите не сме во можност да победиме, мора да се бориме за второ или трето место, но секогаш ќе се обидеме да одиме на победа.”
Досега во оваа сезона, Стонер е задоволен со перформансите на RC212V, посочувајќи на тоа дека е силен дури и во “лошите денови”.
“Мислам дека без проблемот во втората трка, ќе бевме на подиум на секоја трка оваа сезона, што јас верувам дека е нешто специјално. Пресреќен сум оваа сезона во Repsol Honda тимот.”
“Моторот работеше брилијантно и дури и во лошите денови не беше слаб, што е многу позитивно.Кога имаме можност за победа, ние секогаш сме таму, многу блиску, и тоа ни дава шанса да победуваме почесто.”






























