Лорис Капироси изјави дека ќе проба да се врати во акција во Мото ГП уште на наредната трка за германското ГП, иако не е 100% подготвен.
Италијанецот беше принуден да ги пропушти последните две трки поради повредите на едно ребро и рамото кои ги заработи на инцидентот во Асен, и се очекуваше да пропушти повеќе трки откако Pramac Ducati најавија негова привремена замена со поранешниот возач Силвиан Гинтоли.
Но, Капироси ја покажа својата намера да се врати за Захсенринг, иако и самиот признава дека не е целосно подготвен.
“Се чувствувам подобро, но мојата физичка кондиција се уште не е прифатлива”, изјави Лорис. “Секој ден ги извршувам физичките терапии во медицинскиот центар IM2S во Монако. До сега пропуштив две трки, од кои Муџело е најважна за мене. Сакам да возам што е можно поскоро.”






























