Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт MotoGP Часовникот отчукува за Тони Елиас

Часовникот отчукува за Тони Елиас

  • PDF

eliasАктуелниот светскиот шампион во Мото 2, Тони Елиас има катастрофална сезона во Мото ГП, и резултатите на оваа лоша сезона станаа толку конфликтни, што на шпанецот не само што не му беше дозволено да тестира во понеделникот на Муџело, туку дадени му се само уште три трки за да ја смени ситуацијата, бидејќи тимот е во ризик да ги изгуби најпотребните спонзори.

На Каталонското радио, прес-офицерот на LCR Honda, Оскар Харо изјави дека Елиас има три трки да ја смени ситуацијата или ќе се соочи со исфрлање. “Муџело беше катастрофа и Тони знае дека не помина добро. Во Германија, подесувањата ќе бидат вратени како оние кои HRC ги кажува, и тимот ќе го изврши техничкиот дел, додека Тони ќе биде во улога на возач.”

До сега, најдобар пласман на Елиас му е осмото место во Силвестоун, трка која ја завршија само 12 од 17 возачи во влажни услови. Кој би го заменил Елиас? Тоа е прашање за милион долари, бидејќи да се најде добра замена во сред сезона кој има искуство на 800cc во Мото ГП е несомнено голем подвиг, и тимови кои имаат повредени возачи можат да потврдат.

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06