Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт MotoGP Не се случи чудо за Роси и Ducati на Муџело

Не се случи чудо за Роси и Ducati на Муџело

  • PDF

0345_P08_Rossi_action-1_800x531За време на Италијанкото ГП во Муџело, не се случи никакво чудо за Роси и Ducati.

Враќајќи се на патеката каде имаше некои од најголемите победи,како и инцидентот од мината година каде ја скрши ногата, Валентино Роси уште на тренинзите имаше проблеми со двата мотори, додека на квалификациската сесија имаше дожд и успеа да направи само 12-то време.

Победникот од 2002-2008 на Муџело патеката, не успеа во првите неколку круга да напредува, но на средина од трката стигна до шестата позиција, на која и заврши.

“Имаме мотор кој е различен во многу аспекти од оној со кој почнавме.”, изјави Роси.

“Свесни сме дека треба да се направи дополнителен развој од техничка гледна точка, но и во оваа фаза се покажа дека има подобрување со сетап-от.”

“Времето не ни помогна во Асен, а истото се случи и тука. Со оглед на тоа дека имавме малку време викендов, уште еднаш направивме одлична промена на сетап-от во неделата. Тоа беше чекор нанапред и во самата трка имав подобар ритам во однос на тренингот.”

“На стартот изгубив време поради тоа што кумплугот се лизна и за малку ќе бев последен уште на првиот свиок. Криво ми е бидејќи отсекогаш сум успевал да имам добри стартови со Ducati оваа година. Дури и да имав подобар старт не сум сигурен колку ќе бев во можност да се натпреварувам со Спиз и Симончели.”

“Мора да продолжиме со работа за да бидеме во чекор со Honda и Yamaha. Сите ние даваме се од себе, од нас возачите па до сите момци во Ducati.”

“Секако дека е тешка ситуација, но да се дојде во Муџело и да се видат сите оние знамиња, како и навивања од страна на фановите, секогаш ни причинува голема возбуда и ни дава мотивација да одиме нанапред .”

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06