Кејси Стонер со нов рекорд на Муџело
Кејси Стонер постави ново најдобро време на патеката Муџело на денешниот официјален МотоГП тест.
Времето од 1’47.326 е подобрено за шест десетинки во однос на рекордот на Муџело кој го постави Стонер на квалификациите и говори за неговото одлично возење. На денешната сесија тој проба нова задна вилушка на својата Репсол Хонда која очигледно со новиот сетап функционира значително подобро. Почетокот од тестот донесе и лоусајд за Стонер во првиот свиок од кој за среќа тој помина без повреди и извозе уште 47 круга.
На крајот од денот на втората позиција според оствареното време се најде Марко Симончели со заостанување од само 0.096 делови од секундата зад Стонер. Само уште еден возач имаше време под границата од 1'48, а тоа беше Андреа Довициозо.
Четвртото место му припадна на одличниот Хектор Барбера, а зад него се најде Карел Абрахам кој доживеа пад утринава и имаше мало недоразбирање со Кејси Стонер.
Возачот на Сузуки, Алваро Баутиста финишираше како седми, а на денешниот тест ги тестираше новата компонента за предната гума и нова електроника.Супербајк возачот Силвијан Гинтоли го тестираше моторот на Прамак Дукати тимот, како можна замена за повредениот Лорис Капироси. На крајот од денот тој му го препушти моторот на Мото2 возачот, Андреа Ианон.
На патеката го забележавме и возачот од Мото2, Мика Калио, кој го возеше прототипот на BMW од 1000цц за тимот на Marc VDS кој ќе се натпреварува следната сезона во МотоГП класата.
Новото BMW на Marc VDS тимот (кликни за поголема слика)






























