
Прославата на Yamaha за 50 години од трките во ГП вчера вечер, помина во уникатен стил со посебен собир на Мото ГП поранешни и сегашни возачи, на легендарната патека во Асен. Настанот го означи и претставувањето на YZR-M1 WGP50-тото годинешно издание на новиот изглед и бои, кои ќе ги носат возачите на Yamaha, Хорхе Лоренцо и Бен Спиз на трките во Асен и Лагуна Сека.
Хорхе Лоренцо со новите бои на првиот тренинг на Асен
Мото ГП медиумите беа почастени не само со една црвено-бела YZR-M1 туку и мини саем кој содржеше многу од иконските машини кои ја декорирале Yamaha возачката историја. Возачките машини од 1960 па се до денес, ќе бидат јавно прикажани до крајот на Асен пред да бидат преместени како дел од Европската турнеја. На актуелниот светски шампион Хорхе Лоренцо и неговиот тимски колега Бен Спиз, им се придружија и возачите на Yamaha Tech3, Колин Едвардс и Кал Карчлоу заедно со нивните членови од двата тима. На прославата беа дојдени и првиот Yamaha светски шампион Фил Рид и првиот не-јапонски возач на Yamaha Цес Ван Донген.
Бен Спиз: Посакувам цела сезона да возевме со овие бои
“Да се биде на прослава на ваков настан е нешто посебно. Го запознав Фил Рид порано оваа година и разговаравме за многу нешта кои останале исти со Yamaha, како и за работи кои се многу различни. Горд сум што возам за овие бои и ќе дадам се од себе за подобар резултат.”, изјави Хорхе Лоренцо.
“Го сакам новиот изглед премногу. Би сакал да можевме да возиме со овој изглед цела година. Ова е моја трета година со Yamaha но ми се чини како да сум во фамилијата многу подолго. Многу мои херои од детството возеле за Yamaha и тоа што сум сега тука ми изгледа како нереално чувство. Едвај чекам да се појавам со новиот изглед во Лагуна пред мојата домашна публика, ќе биде големо шоу. ”, изјави Бен Спиз































