Валентино Роси со GP12 на Муџело
На третиот и последен ден од тестирањето на Дукати на патеката Муџело, Валентино Роси повторно доби шанса да се качи на Desmosedici GP12. На првиот тест на патеката Херез, Роси извозе 50 кругови со новиот проторип, а овојпат од техничкиот директор Filippo Preziosi кој го предводи тестирањето доби дозвола за 10 повеќе.
Тој не само што имаше можност да ги проба измените на моторот кои дојдоа по негова но и по сугестија на Ники Хејден, туку можеше и да ужива во новата подлога на патеката. "Задоволен сум бидејќи ова беше позитивен тест." - изјави Валентино на крајот од денот. "Го искористивме прекрасниот ден и одличните услови на патеката. Новиот асвалт е прекрасен, сите оние дупки кои ми беа познати сега веќе се минато, подлогата е мазна, а држењето на гумите фантастично. Среќен сум што се вратив на Муџело по минатогодишната повреда овдека, тестот го започнавме во 11 часот и свртев 60 кругови притоа поминувајќи многу километри и остварувајќи добро време. Она што ми беше важно е дека тестот помина без никакви проблеме, ниту физички за мене, ниту пак технички за GP12. Пробавме се што имаше замислено Филипо, и задоволни сме од резултатите, рано е за било какви калкулации, но она што нам ни е важно е дека се движиме во вистинска насока" - заврши Роси.
Следната МотоГП трка се вози на 5-ти Јуни за ГН на Каталонија со почеток во 14.00 часот, трка од која директен аудио пренос ќе можете да следите на Life Radio. За крај и галерија од тестирањето на Валентино Роси и GP12






























