Хонда изврши тестирање на патеката Сузука на новиот мотор со кој ќе се натпреварува следната сезона во МотоГП шампионатот.
На јапонската патека тестовите траеа два дена, а тест возачите Kousuke Akiyoshi и Tady Okada беа задолжени за првите кругови на новиот прототип. За разлика од јапонците, Дукати ги ангажираше своите МотоГП возачи да ги тестираат новите мотори преку тридневен медиумски циркус. Потег кој е разбирлив кога ќе се земат во обзир резултатите кои ги прикажаа Дукати и Хонда на почетокот од МотоГП сезоната.
Следната година не очекуваат нови правила кои предвидуваат лимит на зафатнината на моторот од 1000цц, но тимовите не се обврзани во целост да го искористат лимитот па веќе се шпекулира дека Дукати ќе вози со мотор од 900цц. Јамаха засега не открива ништо за својот нов мотор, па ќе треба да се стрпиме до тестирањето на патеката Муџело.































