Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт MotoGP Дани Педроза се враќа за ГН на Португалија

Дани Педроза се враќа за ГН на Португалија

  • PDF

pedrosa_operacijaПедроза е подготвен за следната трка

Дани Педроза ќе биде целосно подготвен за трката на патеката Есторил која на 1-ви мај се вози за Големата Награда на Португалија.

Педроза во текот на вчерашниот ден имаше уште една рутинска проверка по операцијата во која му беа извадени шрафовите и титаниумската плочка од неговото рамо кои му создаваа притисок на левата потклучна артерија. Според наодите на докторите, тој е целосно подготвен за следната трка од шампионатот, па Шпанецот на својот блог напиша: -"Се помина во најдобар ред, се адаптирав на препораките кои ги добив од докторите и ја променив рутината на живеење. По денешната контрола знаеме дека се е во ред но сепак мораме да бидеме претпазливи додека не се качам на моторот во Португалија."

"Нестрплив сум и мотивиран максимално да се качам на моторот повторно и да се уверам дека се е во ред и дека проблемите се минато." -додаде тој и продолжи -"Изминатите неколку дена одмарам дома, мојата пауза се поклопи со онаа во МотоГП календарот но едвај чекам да продолжам со тренинзите и работата со тимот, а најважно од се, да се вратам на моторот."

Покрај проблемите при возењето Педроза имаше релативно добар почеток на сезоната, трето место на првата трка и второ на трката во Херез.

"Кога ќе погледнам наназад, сепак сметам дека направивме добра работа. Пристигнуваме во Португалија со 36 поени, девет зад водечкиот, па можам да кажам дека имаме успешен старт на шампионатот кој сега започнува."

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06