Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт MotoGP Роси ќе ја заврши кариерата во Супербајк

Роси ќе ја заврши кариерата во Супербајк

  • PDF

Докторот посакува да ја заврши кариерата во Супербајк.Докторот посакува да ја заврши кариерата во Супербајк.

Алесио Салучи, најдобриот пријател на деветкратниот светски шампион во МотоГП, Валентино Роси, откри дека плановите на "Докторот" се по завршувањето на кариерата во МотоГП, да продолжи да вози уште две години во Супербајк шампионатот.

Салучи попознат како "Учи" на својот блог напиша -"По МотоГП, уште две години во Супербајк и доста е." Понатаму тој вели дека сеуште е отворена опцијата Роси да замине во Ферари и да вози Формула1, но според негово мислење малку е веројатно дека тоа ќе се случи. Роси е во одлична форма сега, целосно ја излечи повредата на рамото и се снаоѓа многу подобро со моторите отколку што би се снашол во Формула 1, анализира Учи.

На "Вале" му преостанува да ја научи техниката за возење на Дукати-то, бидејќи само тоа му недостасува во битката со Јамаха, а посебно со Хонда која доминира на пред сезонските тестови.

На еден од коментарите поставени од претставник на печатен медиум дека е потешко да се дојде до Роси за интервју отколку со Жозе Мурињо, неговиот пријател со смеење вели -Па тоа е сосем нормално, Вале има многу повеќе победи.

Идејата на Роси за Супербајк значително се зголеми по тестирањето на патеката Мисано во јануари кога за Ducati 1198 изјави дека е прекрасен мотор за возење. Сепак за желбата на Роси да се оствари со сегашниот тим, ќе треба Дукати да го врати својот фабрички тим во Супербајк.

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06