Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт MotoGP Интервју со Лин Џарвис, шефот на Јамаха

Интервју со Лин Џарвис, шефот на Јамаха

  • PDF
Индекс на артикл
Интервју со Лин Џарвис, шефот на Јамаха
Страна 2
Сите страници

Главниот менаџер на Јамаха Мото Рејсинг, Лин Џарвис познат како еден од клучните луѓе кој успеа да го доведе Валентино Роси да вози за боите на Јамаха во далечната 2003, потпис кој ја издигна Јамаха на едно повисоко ниво над другите кога е во прашање МотоГП шампионатот. Чисто како мало потсетување што се им донесе Роси на Јамаха, едноставно максимумот, сите три МотоГП титули кои може да се освојат во една сезона (како возач, конструктори и тим). Роси тоа и го донесе на Јамаха не една година, туку три сезони.

Lin-Jarvis-1Џарвис на промоцијата на Јамаха тимот со Хорхе Лоренцо и Бен Спиз.

Тоа беше еден мал вовед, следува интервју со главниот менаџер на Јамаха Мото Рејсинг Лин Џарвис кое беше направено за време на тренинзите на патеката Сепанг. Лин говореше за сезоната што следи (прва без Роси) и откри некој од пл ановите за новите агрегати кој ќе се возат од наредната сезона во МотоГП со работна зафатнина од 1000сс. Сезонава Јамаха во својот тим го донесе Бен Спиз како замена за Валентино Роси и тимски возач со минатогодишниот шампион Лоренцо.

Прашање: Во изминатите денови на Сепанг Хондите се навистина брзи, дали луѓето почнаа да ги потценуваат Јамахите?
Одговор: Фактите говорат, на тренинзите очигледно е дека Хондите се навистина брзи. Но јас би кажал нешто обратно, не потценувајте ги Хондите. Се зависи од видот на патеката, на оние патеки каде што има повеќе кривини се надевам дека имаме предност на тоа поле. Но,дефинитивно треба да поработиме повеќе и најдеме решение за оние патеки каде навистина е потребно забрзување и достигнување до максимумот. Тоа е она што нашите возачи ни го пренесуваат,односно проблемот со забрзувањето при помалите брзини.

Lin-Jarvis-4Како ќе ја проследи 2011, со загрижено или насмеано лице?

П: Кој е максимумот што можете да го добиете од моторот ?
О: Постојат две основни работи со агрегатот: тоа е актуелната моќ и перформанси што ги имате создадено и нивно правилно распоредување и искористување. Доколку не разбирате што се мисли под правилно распоредување и искористување на моќта за да се добијат секако добри перформанси е електрониката. Како и што споменавме наша слаба точка во моментот ни е забрзувањето на моторциклите, многу лесно можеме да го искорегираме тој проблем, но веднаш губиме на другото исто така битно поле; крајната брзина. Тука е големиот проблем, треба да го подобриш забрзувањето, а никако да не изгубиш од крајната брзина.

И Бен и Лоренцо го имаат истото барање, односно да се подобри забрзувањето. Секако ние сме свесни за моменталната ситуација и работиме на тоа. За брзо време треба да одлучиме со кој агрегат од тестираните ќе возиме во МотоГП, а уште потешко е како што знаете дека имаме право на само шест агрегати за време на сезоната. Но оптимисти сме за оваа ситуација и доколку не го фиксираме веднаш тој проблем, сигурен сум дека во брзо време ќе го најдеме правилното решение.

П: Во последните четири години, возачот кој беше на чело на табелата до седмата трка во шампионатот на крајот завршуваше како освојувач на титулата. Дали мислиш дека ќе ја имаме истата ситуација и оваа година имајќи во предвид дека Роси, Стонер и Спиз ги сменија тимовите?
О: Мое мислење е дека секоја трка ќе биде пресудна за шампионската титула и затоа мора да се бори до крај. Тоа е она што му помогна на Лоренцо, постојаната издржливост и упорност уште од првиот ден.  И покрај тоа што пред да започне сезоната имаше пад и го скрши палецот.

П: Но тој ги пропушти тестирањата...
О: Да, тој комплетно ги пропушти тестирањата на Сепанг и започна со тестирањата во Катар и полека но сигурно се врати во физичката подготвеност. Она што го мислам околу клучот за успех е упорноста и издржливоста.

Знаеш, стонер добро се покажа на тренинзите, исто како и во изминатите сезони, тој е исклучително брз. Сигурен сум дека било кој од возачите би се согласил и би кажал дека е еден од возачите кој постигнува најголеми брзини. Но имајќи ја во предвид неговата историја, знаеме дека е многу непредвидлив. Чисто за пример минатата година во Катар изгледаше дека ќе има толку убедлива победа, но ја пропушти. Сега ќе ви ги набројам возачите од кои се очекува да се борат до крај за шампионската титула; Вкупно се седум, од кои тројца возат Хонда (Стонер, Педроза, Довициозо) следни се секако Спиз и Лоренцо и за крај да не ги заборавам Роси, Ники  и Симончели. Но според мое лично мислење битката за титулата ќе биде помеѓу Стонер, Лоренцо и Педроза. Тоа се моите очекувања, па ќе видиме. На Роси ќе му треба малце повеќе време за да се прилагоди на новиот моторцикл. Но ќе видиме, никогаш не го потценувам имајќи ги во предвид неговите квалитети. Само за напомена првата трка е за само 2 недели.



This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06