San Carlo Honda Gresini го претстави својот тим
На патеката Монца, тимот San Carlo Honda Gresini го претстави својот тим со кој ќе се натпреварува оваа сезона во МотоГП. Како што е познато боите на тимот ќе ги бранат Марко Симончели и Хироши Аојама, но она што е новост е целосната поддршка од Хонда, па така од оваа сезона тимот од сателитски прераснува во фабрички.
Хонда со пет фабрички мотори во МотоГП
Фабричкиот статус значи дека Хонда ќе им ги дистрибуира сите нови делови и надградби кои ќе ги добиваат и останатите фабрички возачи (Кејси Стонер, Дани Педроза и Андреа Довициозо). Марко Симончели беше на платениот список на HRC уште од 2010 кога се префрли во МотоГП, но одсега и Аојама ќе ја добива својата плата директно од Хонда.
Интересни моменти на презентацијата на тимот
Тимот и оваа сезона ќе биде спонзориран од фабриката за грицки "San Carlo", а Хонда се одлучи дека и е доста од мерките за штедење и дефинитивно ќе атакува на титулата оваа сезона. Впрочем кој тим не би го правел тоа со пет фабрички мотори?
Момент од прес конференцијата






























