Како и секоја година на патеката Мисано, Валентино Роси се појави со кацига која е специјално изработена за неговата домашна трка. Овојпат наместо мотивот со месечина и сонце, на кацигата дизајнирана од Aldo Drudi гледаме голем часовник кој го означува времето до почетокот на следната сесија.
Време е за будење на Докторот
На кацигата е отпечатен слоганот "разбуди се и вози", што за Роси има и фигуративно но и буквално значење, имајќи ги предвид неговите резултати по повредата. Роси е самокритичен па се надева (како и сите негови фанови) дека кацигата ќе помогне тој да се разбуди и да се врати на патеките на местото кое му прилега, на чело од колоната.
Интересно е дека Роси за трката во Сан Марино ќе користи различна кацига за секоја сесија, а времето на сите е наместено на пет минути пред почетокот на сесијата.





























