
Валентино Роси ќе настапи на 9-та рели-трка „Монца“ која се оддржува од 24 до 27 Ноември на патеката Монца во Италија. На спектакуларното рели годинава учествуваат 8 натпреварувачи од Светското Рели (WRC), 5 од Европското рели (ERC), шампионот од IRC, 11 натпреварувачи од италијанските авто шампионати, 10 возачи од мото светот и 3 победници на 24 часа Ле Ман.
Претставниците од мото светот ги вклучуваат Валентино Роси, Андреа Довициозо, Клаудио Корти и Андреа Ианон. Годинешната трка го носи името "Master Show- Marco Simoncelli Trophy" во чест на трагично загинатиот Марко Симончели.
Во продолжение и ексклузивна галерија од подготовките на Валентино Роси за рели-трката „Монца“














