Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Останато Тимот на KTM се подготвува за Дакар 2012

Тимот на KTM се подготвува за Дакар 2012

  • PDF

KTM-Dakar-2012-35

Тимот на КТМ на југот од Франција се подготвува за Рели Дакар 2012. Според фотографиите и видеото, портокаловиот тим ќе има што да покаже на релито кое годинава ќе се вози во Аргентина, Чиле и Перу. „Релито ќе се вози во должина поголема од 9.000 километри, ќе трае 14 дена, а освен четирите етапи во Перу, ќе се возат и по пет во Аргентина и Чиле“, изјави директорот на трката Етјен Лавињ.

Стартот на релито е на 1-ви јануари 2012 година од градот Мар Дел Плата во Аргентина, релито потоа продолжува по Андите и ќе навлезе на територијата на Чиле. Етапите потоа водат на север, низ срцето на пустината Атакама, за потоа да ја преминат границата во Перу. На релито Дакар 2012 учество ќе земат 185 мотоцикли, а според новите пропозиции, сите мотоцикли се ограничени на зафатнина од 450цц.

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06