Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Останато МК Александар номиниран за престижно признание

МК Александар номиниран за престижно признание

  • PDF

IMG_4462 Светската мотоциклистичка федерација ФИМ објави дека Мото клубот Александар од Македонија е номиниран за престижната награда на светско ниво за активности во заштитата на животната средина во мотоциклизмот во 2011 година.

МК Александар е основан во 2009 година и е полноправна членка на Мотоциклистичката федерација на Македонија. Од почетокот на 2010 година започна со реализација на проектот „Зелено возење - Македонија“, а во текот на изминатите 2 години беа реализирани повеќе активности за заштита на животната средина за време на мотоциклистичките натпревари и манифестации во Македонија. Кампањата беше одлично прифатена и доби поддршка од многу мото клубови и мотоциклисти, што беше мотив повеќе МК Александар да продолжи и во иднина со активностите на ова поле.

IMG_3368 Покрај МК Александар за годинашната ФИМ награда за заштита на животната средина рамноправно конкурираат уште 4 проектни активности на: Мотоциклистичката федерација од Каталонија (Шпанија), Мотоциклистичката федерација на Андора, Мотоциклистичката федерација на Австралија и Мото клубот Луниго (Италија).

ФИМ награда за заштита на животната средина започна да се доделува во 1997 година, а годинава ќе биде прогласен јубилејниот 15-ти добитник. Четиричлено независно жири ќе одлучи за победникот во текот на Годишниот конгрес на ФИМ кој ќе се одржи на 4 декември во Есторил, Португалија. Најдобриот предлог ќе добие плакета и парична награда.

Извор: МФМ

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06