Момент од прогласувањето на победниците
Мото клубот Вардар од Скопје на најдобар начин одбележи 33 години од своето постоење. На патеката Орман крај Скопје се возеше мотокрос трка на која учествуваа повеќе од 20 натпреварувачи во три класи.
Сончевото време придонесе за големата посетеност на Орман, а присутните можеа да уживаат во одличните трки во кои своите мајстории ги прикажаа домашните и странски возачи. Се возеа по две трки, а први стартуваа возачите во МХ3 класата, потоа следуваа најмладите односно моторцикли со зафатнина до 125цц и на крајот своите сили ги одмерија возачите од МХ1 и МХ2.
За галеријата од настанот кликнете овде.
На мото клубот Вардар му го честитаме роденденот и му посакуваме уште многу трки и успеси на домашен и меѓународен план.














