
По повод 33-от роденден на мото клубот Вардар, во недела на 30-ти октомври на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи мотокрос трка. Првиот тренинг започнува во 9.30, а трките традиционално во 12 часот. Временската прогноза за во недела предвидува сончево време па тоа ќе биде одлична можност да се собереме за патекaтa за последен пат сезонава и да го одбележиме големиот јубилеј на МК Вардар.














