
Тимот на Кавасаки е победник на престижната трка на изджливост 24 часа Ле Ман. Зелениот тим дојде до втората последователна победа на Ле Ман возејќи го Ninja ZX10-R на исцрпувачката трка од 834 круга.
Победата добива на тежина со фактот што за прв пат во историјата на Ле Ман ист тим, со ист мотор и исти возачи победува два пати по ред. Моторот со број 11 беше возен од Julien Da Costa, Gregory Leblanc и Olivier Four кои поминаа 834 круга со просечна брзина од 146км/ч. Со ова тие го соборија и рекордот на извозени кругови на една трка.
По трката возачите но и тимот беше едногласен -Ова беше една пеколна трка, навистина тешка за возење, но на крајот се исплатеше. Кавасаки има победнички тим, а Ninja ZX10-R е мотор кој во рацете на овие момци е победничка машина.













