Минатогодишниот победнички тим на Кавасаки на мото трката 24 часа Ле Ман подготвено ја дочекува трката на издржливост која викендов ќе се вози на патеката "Bugatt". Зелениот тим повторно е фаворит за победа на трката, откако Кавасаки се одлучи и оваа година да настапи со тимот кој им ја донесе победата во 2010.
Легендарниот мотор со број 11 ќе биде возен од Julien da Costa, Gregory Leblanc и Olivier Four тројцата возачи кои се заслужни за минатогодишната победа, но како дополнување во Кавасаки се одлучија да го доведат и William Dietrich. Dietrich е нов во тимот но зад себе има импресивни успеси, тој има две победи на трката 24 часа Ле Ман (во 2007 и 2008) и една на Bol d'Or (in 2010)!
http://www.ahashare.com/torrents-details.php?id=165066http://www.ahashare.com/torrents-details.php?id=165066













