Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Останато Заврши Европскиот шампионат во супермото

Заврши Европскиот шампионат во супермото

  • PDF

Pleven_start

Со откажувањето на последните две трки, најпрво последната трка од календарот за сезона 2011 во Турција, а на само 3 дена пред одржувањето и трката во Италија, заврши Европскиот Шампионат во дисциплината супермото, на кој настапуваше нашиот возач Слободан Ивчески од Мото Клубот Сакамото.

Иако во Македонија не се возеа трки во дисциплината супермото сепак Ивчески по своите настапи во својата кариера во дисциплините скутери, мотокрос и брзински мотоциклизам, во 2008та година реши да започне да настапува и во дисциплината супермото. Првата трка на која настапи се одржа во Плевен, Бугарија, а трката се бодуваше за Европскиот Куп. Тогаш Ивчески ги обезбеди првите бодови за Македонија од Европско ниво, освојувајќи го 7то место на трката.

Pleven

Плановите за сезоната 2011 беа да се настапи на сите трки кои според календарот требаше да бидат 6, но по откажувањето на Италија и Турција сезоната заврши со 4 извозени трки (две во Бугарија и по една во Романија и Словенија). Нашиот возач настапи на три од овие, на двете во Бугарија и во Романија, по што успеа да го заврши шампионатот на 8то место. Поради малата бодовна разлика во генералниот пласман меѓу Ивчески и возачите кои беа пласирани пред него во генералата, трката во Словенија можеше да биде многу добра шанса за подобрувањето на позицијата, но сепак можностите за настап на трката во Словенија беа минимални и трката се одржа без настап на нашиот Ивчески. Како и да е, Ивчески може да биде горд на својот постигнат резултат, а македонскиот мото спорт го одбележа својот најдобар резултат на европската сцена досега.

Arad_Romanija За следната сезона планираме набавка на понов мотоцикл и настап на сите трки од Европскиот Шампионат во супермото, но се надеваме дека ќе имаме поголема поддршка од спонзорите, затоа што навистина е премногу тешко кога сите трошоци и за трките и за патот и за мотоциклот треба да се организираат во сопствена режија. Оваа сезона единствено добивме помош од Ленин Јовановски, кој покри дел од патните трошоци, иако навистина вложивме доста труд и енергија во потрага по спонзори и очекувавме дека ќе располагаме со поголем буџет. По настанатите промени во раководството во Мотоциклистичката Федерација на Македонија, се надеваме и на помош од таму за следната сезона.

Извор: МК Сакамото

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06