Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Останато Ивчески се зацврсти на 8. место во генералниот пласман

Ивчески се зацврсти на 8. место во генералниот пласман

  • PDF

Ivceski_Pleven5Ивчески на трката во Плевен

Единствениот наш преставник Слободан Ивчески (МК Сакамото) на третиот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2011 година што се одржа во Арад, Романија во двете возење ги освои 10. и 9. место.

Ивчески настапи во најсилната класа до 450 ссм и со новите 23 освоени бодови има вкупно 70 бодови во генералниот пласман и се зацврсти на осмото место. Како и на претходните два натпревари, бугарскиот натпреварувач Ангел Каранјотов извојува нови 2 победи и со максимални 150 бодови го зголеми водството.

Доминацијата на бугарските мотоциклисти продолжи и во преостанатите 2 класи – до 85 ссм максимален учинок има Мајкл Иванов, додека во класата до 250 ссм неприкосновен е Георги Гочев.

Со натпреварот во Романија заврши првиот дел од сезоната, а до крајот преостануваат натпревари во Словенија, Италија и Турција на кои нашиот претставник се надева на добар пласман и подобрување на моменталната позиција во генералниот пласман.

Извор: МФМ

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06