Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Останато Ивчески ќе настапи на третата трка од Европски шампионат во супермото

Ивчески ќе настапи на третата трка од Европски шампионат во супермото

  • PDF

cobo-kicevo Ивчески на тренинг на патеката во Кичево

Слободан Ивчески (МК Сакамото) ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на третиот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2011 година што ќе се одржи на 6 и 7 август во Арад, Романија. Натпреварот воедно се бодува и за отворениот Источно-Европски шампионат.

Патеката „Вик пауер“ е со должина од 1.600 метри од кои 1.300 метри се со асфалтна и бетонска подлога, а останатите 300 метри се со земјена подлога.

Ивчески настапува во најсилната класа до 450 ссм, а по досегашните одржани 2 натпревари во Плевен, Бугарија се наоѓа на осмото место со 47 бодови. Водечки во оваа конкуренција е бугарскиот натпреварувач Ангел Каранјотов со максимални 100 бодови, пред своите сонародници Росен Тончев со 86 и Александар Георгиев со 76 бодови.

Пред почетокот на вториот дел од сезоната во кој спаѓаат натпреварите во Словенија, Италија и Турција, нашиот претставник се надева на добар пласман и подобрување на моменталната позиција во генералниот пласман.

Извор: МФМ

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06