Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Останато 17 годишната Маерс е втора во AMA SuperSport

17 годишната Маерс е втора во AMA SuperSport

  • PDF

Второ место во генералниот пласман на AMA SuperSport шампионатот.Второ место во генералниот пласман на AMA SuperSport шампионатот.

Елена Маерс, девојка за која пишувавме минатата година дека и претстои блескава кариера, потоа да се појави во падокот на Ризла Сузуки МотоГП тимот, годинава ја започна одлично во професионалниот брзински шампионат во Америка (АМА).

Имено викендот кој штотуку измина Елена го помина на патеката Дејтона, Флорида со својот нов моторцикл Сузуки GSX-R 600. Патеката во Флорида беше назначена за прва во календарот на овогодинешниот АМА СуперСпорт шампионат.

Со нејзиниот нов моторцикл како што кажавме  "2011 SuzukiScoopFans Suzuki GSX-R600" го достигна 6-тото место на петочната трка, додека во саботата се пласираше едно место подоле, односно на 7-мото место. Тие два солидни резултати според бројот на освоени бодови ја пласираа како втора во вкупниот пласман, што е огромен успех за неа.

Убавата Американка ќе биде првата тинејџерка која возела МотоГП моторУбавата Американка ќе биде првата тинејџерка која возела МотоГП моторУбавата Американка ќе биде првата тинејџерка која возела МотоГП мотор

Оваа сезона е втора официјална за само 17 годишната Елена, која даде кратка изјава: Трката која ја извозев во саботата мислам дека беше добра кога би се земало се на куп, во првите неколку свиоци па и круга мислам дека беше лудо тука на патеката Дајтона. Кога сме кај мојот моторцикл дефинитивно одлично се покажа, работевме напорно на него и за некои работи морав па дури и малце да шефувам врз останатите од тимот, иако не ми стои на годините...(се смее).

Како и да е извозев одлична трка, ништо посебно во однос на другите, но за мене остварив еден голем успех. Жал ми е за изгубената позиција во последниот свиок, тоа чуство што го доживеав во тој момент верувајте е ужасно (доколку не сте го доживеале).

За оние кои не се запознаени за Елена да им дадеме дознаење за колку храбра девојка се работи, имајќи ги во предвид и нејзините години, само 17. Елена е единствената девојка која во моментов се натпреварува во АМА СуперСпорт шампионатот и одлично и оди, останува да видиме како ќе се покаже на следната трка на патеката Инфинеон, Северна Калифорнија, на која минатата година ја извојува првата победа во кариерата.

За крај Елена додаде: Оваа сезона ќе го дадам максимумот од мене, 100% сум посветена на возењето. Минатата година беше само еден добар,голем и тежок тренинг. Уште еднаш ќе кажам дека 6 и 7 место на Дајтона воопшто не е слаб резултат. Она на што сега работам е само подобрување и подобрување. Заминувам од Дајтона со второ место во генералниот пласман што е голем мотив за понатамошни успеси и радости како оваа. Благодарност до целиот тим за одлично подготвениот нов мотор Сузуки GSX-R 600 на кого сум му посебно благодарна.

Резултати од АМА SuperSport West шампионатот по извозени две трки:

1. David Gaviria - 59
2. Elena Myers - 29
3. Benny Solis - 18
4. Sebastiao Ferreira - 16
5. Corey Alexander - 13
6. Zared Leon - 9
7. Jett Chandler - 8
8. Travis Ohge - 6
9. Cristian Olguin - 4
10. Roi Holster - 3

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06