Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profilСледете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Останато Мотоциклизам: Одличен настап на нашите претставници во Бугарија

Мотоциклизам: Одличен настап на нашите претставници во Бугарија

  • PDF

Сашо Николов и Ефтим ВељановскиСашо Николов и Ефтим Вељановски

На  првиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој се одржa викендов на патеката Долна Митрополија крај Плевен (Бугарија), македонските мотоциклисти, претставници на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) остварија одлични резулатати.

Двократниот македонски шампион Сашо Николов (МК Тумац) настапи во класата супершток до 1000 ссм во конкуренција на 19 натпреварувачи. Иако на тренингот го освои 15 место, на трката се снајде одлично и по голема борба го освои 7 место и впиша 9 бодови од првата трка сезонава. Првото место во најсилната класа го освои Мартин Чои од Бугарија.

Слободан Ивчески на патеката во КичевоСлободан Ивчески на патеката во Кичево

Во  класата суперспорт до 600 ссм настапи освојувачот на златната кацига за 2009 година, Слободан Ивчески (МК Цобо спорт). Тој минатата година во оваа конкуренција заврши на 12 место во генералниот пласман. Ивчески ја започна трката од 11 место од вкупно 18 учесници и на крајот успеа да се пробие до 9 место и освои 7 бодови. Победник беше уште еден бугарски натпреварувач, Александар Тодоров.

Третиот наш претставник, Ефтим Велјановски (МК Тумац) настапи во класата супербајк до 1000 ссм. И покрај последното 23 место во квалификациите, Велјановски успеа константно да го подобрува пласманот во текот на трката и да заврши на 16 место и за само едно место не освои бод. Доминацијата на бугарските натпреварувачи ја надополни Ненко Стаменков со победа во оваа класа.

Следниот  натпревар во рамките на отворениот Источно-Европски шампионат е на 12 септември на патеката Измит во Турција.

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06