Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Motocross Илиоски и Томовски победници на трките во Воден

Илиоски и Томовски победници на трките во Воден

  • PDF

kiko-milci Христијан Илиоски на патеката Милци

Нашите најдобри кросисти, Христијан Илиоски и Гоце Томовски забележаа победи во своите класи, а одличен настап имаше и повратникот Благојче Спировски на мотокрос трката која викендов се возеше во Воден.

На трката која се возеше во рамките на Отвореното првенство во мотокрос на Грција учествуваа тројца наши претставници, Христијан Илиоски и Благојче Спировски во класата МХ2 и Гоце Томовски во класата МХ1.

"Убава трка, сите тројца имавме добар пласман, мене ми е криво само што не ја завршив првата трка" - изјави Илиоски за мотори.ком.мк. "Доживеав пад во на стартот на првата трка, до крајот успеав да ги стасам скоро сите, но во моментите кога бев на петтата позиција ауспухот на моторот падна па морав да се откажам од трката. Во втората трка го решивме проблемот со моторот и завршив на првата позиција."

baze-milci Благојче Спировски на трката во Гевгелија

Благојче Спировски забележува одлични резултати по враќањето на патеките. Откако го освои второто место на трката во Гевгелија минатата недела, на трката во Воден го освои четвртото место. Како што вели и самиот, "воља, тренинг и верба во Бог е страшна работа" :)

tomovski-milci Гоце Томовски

Гоце Томовски имаше одличен настап во класата МХ1 каде го освои првото место. На трката сите 20 возачи настапија во една дивизија, а трките поминаа без инциденти.

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06