Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Motocross Томовски трет на Гран При Македонија 2011

Томовски трет на Гран При Македонија 2011

  • PDF

Гоце Томовски и Мирче Ќорнаков на стартот од првата тркаГоце Томовски и Мирче Ќорнаков на стартот од првата трка

Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 2 и 3 април на патеката Милци крај Гевгелија го организираше натпреварот „Гран При Македонија 2011“ со кој што започна новата сезона од отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2011 година.

По сончево време на одлично подготвената патека се појавија вкупно 75 натпреварувачи од 6 држави: Црна Гора, Романија, Бугарија, Грција, Бугарија и Македонија поделени во 7 класи.

Бодрен од шестилјадната публика нашиот Гоце Томовски со одлично возење, по голема борба со Лајош Баческу од Романија на крајот го освои третото место во класата МХ1. Имено, после првата трка тој по лошиот старт успеа на крајот да се пробие на третото место. Поучен од тоа, Томовски во второто возење одлично стартуваше и уште на стартот изби на првото место. Потоа беше поминат од одличниот денес Николај Куманов (Бугарија) кој без проблем победи во двете трка. Во средината на трката, Томовски имаше контакт со Баческу и го изгуби второто место. Сепак, пласманот на 3. место е одличен почеток на сезоната за минатогодишниот вицешампион во оваа класа. Вториот наш преставник Мирче Ќорнаков (МХ1) го освои единаесетто место.

Во класата МХ3 се појавија тројца наши претставници кои дебитираа во оваа конкуренција, а најдобар пласман оствари Јован Јовановски на 7. место. Веднаш зад него завршија ветераните Борче Костов и Миодраг Станковиќ. Во оваа класа победи Керамидас од Грција. Тој беше единствениот што успеа да ја сопре комплетната бугарска доминација. Кај најмладите во класата МХ65 победи Христос Сулиос, во МХ85 очекувано доминираше Мајкл Иванов, во МХ2 Тодор Тотев, во МХ2 јуниор Георги Гочев и во класата на четвороцикли МХ ATV најдобар беше Маргарит Маргаритов.

Најмладиот наш учесник, Никола Гулевски во своето деби во меѓународната конкуренција го освои 20. место во класата МХ2 и 15. место во класата МХ2 јуниор. 

Кај репрезентациите најдобри беа Бугарија, пред Романија и Грција. Следниот натпревар од отворениот Источно-Европскиот шампионат ќе се одржи во Кишињев, Молдавија на 4 и 5 јуни.

Извор: МФМ

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06