Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Motocross Мотокрос „Гран При Македонија 2011“

Мотокрос „Гран При Македонија 2011“

  • PDF

mfm-press

Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 2 и 3 април на патеката Милци крај Гевгелија е организатор на натпреварот „Гран При Македонија 2011“ со кој се започнува сезоната од отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2011 година.

На денешната конференција за новинари беше истакнато дека вљубениците на овој атрактивен спорт на дело ќе можат да видат околу седумдесеттина мотоциклисти од десеттина земји поделени во 7 класи. Двоцифрен број на претставници имаат пријавено Бугарија, Грција и Романија. За прв пат на патеката ќе може да се видат и претставници од Црна Гора. Репрезентацијата на Србија ќе биде предводена од повеќекратниот учесник на Дакар, Габор Сагмајстер.

Што се однесува до македонските претставници, најголеми шанси за пласман на подиумот има минатогодишниот вицешампион во оваа конкуренција, Гоце Томовски кој ќе настапи во најсилната класа МХ1. За жал поради повреда нема да настапи нашиот адут во класата МХ2, Христиан Илиоски кој во 2009 година ја освои титулата во отворениот Источно-Европскиот шампионат. За прв пат во меѓународна конкуренција ќе настапат младиот Никола Гулевски (МХ2) и ветераните Борче Костов и Миодраг Станковиќ (МХ3). Уште повеќе очекувањата од нашите натпреварувачи ќе бидат поголеми со оглед на настапот на домашен терен и бодрењето од повеќеилјадната публика.

Според програмата тренинзите започнуваат во сабота 02.04. од 11:00 часот, додека свеченото отворање на натпреварот е предвидено за недела 03.04. од 11:00 часот.

Извор: МФМ

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06