Момент од трката на Милци во 2010-та.
Патеката Милци во близината на Гевгелија во недела (03 Април 2011) ќе биде домаќин на трка од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос. Саатницата за трката ќе биде дополнително објавена, како и класите во кои ќе се вози.
Се очекуваат бројни гости од сите соседни земји како и од Романија и Турција. Според најавите се очекуваат 100-на натпреварувачи, а неизвесно е кој од домашните кросисти ќе учествува на трката. Христијан Илиоски заради скршеница на ногата е оддалечен од патеките, а засега само Гоце Томовски има изгледни шанси да настапи.
За галерија од минатогодишната трка, кликнете овде.













