
МХ1 тимот на Rockstar Energy Suzuki ја заврши својата прва трка која е загревање за оваа сезона со победа. Победата на оваа тешка трка ја извојува возачот на Rockstar Energy Suzuki Clement Desalle од Франција, додека неговиот тимски колега Steve Ramon заврши како осми, по двете извозени трки. Трката се одвиваше во доста тешки временски услови, времето беше ладно и постојано врнеше дожд. Патека која се наоѓа јужно од Лион беше цела во кал, а главна причина за тоа беше дождот кој врнеше непрекинато од Саботата па се до недела утрото.
Стартот на првата трка
Стазата се претвори во една ископана бразда и возачите возеа само по неа, претекнувањето беше буквално невозможно. Минатогодишниот вице-шампион во МХ1 класата Clement Desalle успешно со победа ја започна и оваа сезона со неговиот RM-Z450WS. Десале буквално дивееше во 20 минутната трка и ја заврши прв, а позади него беше тимскиот колега Рамон кој заостануваше цели 10 секунди. Првата трка одлично помина, но на втората Рамон се соочи со еден проблем, имаше мал пад и изгуби цели десет позиции и тука веќе беше крај за шансите да успее да се искачи погоре, така и заврши. Десале повторно беше на првото место уште од вториот круг и така возеше се до крај без ниедно вртење позади, дури и при неколкуте кратки притисоци од второпласираниот Себастиан Пурсел.
Дождот ја направи патеката претешка за возење
На третата и последна трка за тој ден Десале не форсираше многу и ја држеше втората позиција, но при крајот имаше проблеми со задната кочница, поради удар од поголем камен. Десале издржа и изгуби само едно место, односно заврши трет на последната трка.
Десале и Рамон во краткото интервју изјавија:
За време на тренинзите испробавме и додадовме некои нови делови за да добиеме подобри перфоманси, но не бевме баш сигурни дали оваа трка е правото место да се пробаат, па така решивме тоа да остане за следната трка и искрено не се каам. Задоволен сум од резултатите, имајќи во предвид колку беше тешка патеката и проблемот што го имав при ударот на каменот во мојата задна кочница изјави Десале. А пак Рамон започна: Не беше лош ден, но сепак можеше подобро. Првата трка одлично ја поминав и сум задоволен од резултатот. Додека на втората имав мали проблеми со моторот и она што следеше е еден пад, кој добро го поминав но сепак имав последици. На третата трка се трудев но не можев да ги издржам болките кој ги имав во рамото и коленото, па остатокот од трката бев дел од гледачите. Како и да е трката беше исклучително тешка и напорна и она што ме теши е одлично извозената прва трка.
Стив Рамон се соочи со проблеми со моторот
Резултати:
1. Clement Desalle (Suzuki)
2. Steven Frossard (Yamaha)
3. Sebastien Pourcel (Kawasaki)
4. Shaun Simpson (Honda)
5. Gregory Aranda (Kawasaki)
6. Julien Bill (Honda)
7. Loic Larrieu (KTM)
8. Steve Ramon (Suzuki)
9. David Guarneri (Kawasaki)
10. Jonathan Barragan (Kawasaki)
Кал, кал и само кал















