Стефи Лаиер, девојка која владее во мотокросот
По долгите и напорни тренинзи на фабричката возачка на КТМ Ред Булл тимот Стефи Лаиер, време е за првата официјална трка оваа сезона за женскиот шампионат во МХ. Имено двократната светска шампионатка во МХ класата, напорно тренираше уште од средината на Декември.
На самиот почеток од сезоната Стефи се соочи со неколку МХ возачи кои се навистина добри, како што се Joel Roelants, Yentel Martens како и млади таленти кои допрва доаѓаат, како што е европскиот шампион во класата до 125сс Jordi Tixier од Франција. Но, покрај горе набројаните следуваат и конкуренти кои возат КТМ моторцикли, но не за фабричкиот тим. Такви се Британската возачка Nathan Parker (PROPPA-COM KTM) и Французинките Loïc Leonce (B G R KTM) и Loïc Larrieu (WOLFF KTM). Имајќи ги во предвид искуството и успесите на Стефи гореспоменатите возачи не претставуваат никаков страв за неа, знаејќи ја нејзината жилавост и храброст кога е на патеките.
Двократната светска шампионатка во МХ класата
Јасно е дека Стефи и оваа сезона ќе атакува по титулата, трката што следи во Франција ќе биде само едно мало загревање за неа и тоа што го посакува... титулата во Женскиот Шампионат во МХ. Потоа следно Гран При во календарот е патеката во Севлиево, Бугарија на 10 Април. Оваа година во календарот се вклучени 9 Гран При трки кои ќе се возат заедно со МХ3 класата.
Германката за нејзиниот нов моторцикл КТМ 250 SX-F изјави дека е навистина пресреќна, -"Уште од првиот момент кога седнав на него се осеќав прекрасно. Тренирав напорно во Белгија изминативе неколку недели и одлично го запознав моторциклот, се надевам се ќе биде како што треба. Тешка, но и во меѓувреме предизвикувачка задача е да се биде лидер уште од првата трка. Иако мислам дека иам потреба од уште неколку тренинзи, за да се осеќам 100% сигурно. Обожавам да го возам новиот КТМ и сум сигурна дека повторна ќе ја земам титулата во мои раце, ќе направам сите мои фанови да се горди на мене".
Девојка за која мотокросот е вистинската работа
Секако Стефи ќе има и други конкуренти кои ќе атакуваат по главната цел, титулата. Слично како и лани главни ривали очекува да и бидат Livia Lancelot од Франција и Германката Larissa Papenmeier. Покрај споменатите ривали, Стефи очекува Италијанката Chiara Fontanesi да се бори и даде максимум да стигне некако до титулата или пак да заземе некое од првите три места во генералниот пласман.
Слично како и до сега Стефи има во план пред почетокот на првенството да учествува на некои трки кои се одржуваат овој период, со цел да ја одржува својата кондиција. Таа ќе учествува и на неколку трки од Германскиот шампионат како и на неколку слични национални и интернационални трки, како што кажавме за да биде максимално подготвена за сезоната што следи.











