Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Motocross Тимот на Кими Раиконен ќе се натпреварува во МХ1 и МХ2

Тимот на Кими Раиконен ќе се натпреварува во МХ1 и МХ2

  • PDF

ICE1RACING ICE1RACING

Тимот кој го основаше поранешниот Формула 1 возач Кими Раиконен од оваа сезона ќе се натпреварува во класите МХ1 и МХ2 од Светскиот шампионат во Мотокрос.

Мотокрос тимот ICE1RACING составен од двајца млади возачи, а под водство на седумкратниот Светски првак во Ендуро - Kari Tiainen, ќе се борат за титулите во двете класи. Двајцата најдобри мотоспорт атлети од Финска ќе се обидат да го издигнат клубот на потребното ниво, а за таа цел веќе се на подготовки во Шпанија каде е и седиштето на клубот. Мотокрос сезоната ќе ја започнат на 13-ти февруари, а првата меѓународна трка ја имаат на 10-ти Април во Бугарија.

Кими Раиконен кој по завршувањето на Ф1 кариерата продолжи со WRC, го проширува полето на интерес во мотоспортот со основањето на ICE1RACING. Дека сериозно си ја сватил работата говорат имињата на Toni Eriksson (MX1) и  Ludde Söderberg (MX2), фински мотокрос возачи кои важат за најдобри во својата земја. Под раководство на Раиконен е и јуниор тимот составен од 6 млади возачи кои засега се натпреваруваат само во Финскиот шампионат.


This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06