Tony Cairoli е новиот светски шампион во MX1
Tony Cairoli е новиот светски шампион во најсилната класа МХ1 во Светското Мотокрос првенство. Со победата оваа недела на Бразилското ГП, Сицилијанецот ја обезбеди титулата на две трки пред крајот на шампионатот. За него ова е четврта титула, а први со фабричкиот Red Bull тим, за кого вози KTM 350 SX-F.
"Не очекував дека ќе победам на оваа патека и дека ќе ја освојам тука титулата, но колку порано толку подобро." - изјави Тони. "Воопшто не ризикував но имав среќа бидејќи Desalle имаше проблеми со моторот, но тоа е тркањето. Презадоволен сум од новиот мотор, навистина е издржлив и немав никаков проблем со него, а најважно е да се биде костантен. Му благодарам на тимот за се што направија за мене, бидејќи тие навистина ми помогнаа многу!"
Cairoli во сезоната забележа 7 ГП победи и 13 од 26 единечни трки, победничкиот серијал го започна уште на почетокот од сезоната кога за прв пат се појави со новиот мотор, а не се искачи на подиумот само на Германското ГП каде беше четврти.
MX1 GP Резултати
1, Tony Cairoli, Италија, KTM 22-25—47
2, David Philippaerts, Италија, Yamaha, 25-22—47
3, Max Nagl, Германија, KTM, 18-20—38
4. Steve Ramon, Белгија, Suzuki, 14-18—32
5. Rui Goncalves, Португалија, KTM, 15-16—31
Championship standings
1, Tony Cairoli, Italy, KTM, 578 points (MX1 World Champion with 2 GPs in hand)
2, Clement Desalle, Белгија, 471
3, David Philippaerts, Италија, Yamaha, 441
4. Max Nagl, Германија, KTM, 420
5. Steve Ramon, Белгија, 408












