
На патеката "Стенковец" крај Скопје, со почеток од 12 часот се одржа петтиот, последен натпревар од шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2011, "Голема награда на Скопје 2011". Денешната трка се бодуваше во 4 класи: Е1, Е2, Е3 и Т1, патеката беше одлично подготвена, а временските услови беа добри за Ендуро трка. Остана нејасно зошто натпреварувачите од Гостивар и Тетово не се појавија на денешната трка и покрај тоа што имаа шанси за висока позиција во клупска конкуренција.
Репортажата, резултатите и сликите од прогласувањето на победниците ќе бидат објавени во текот на денот.
За цела галерија од денешната трка кликнете овде.













