Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Домашно првенство Најава: Ендуро „Голема награда на Скопје 2011“

Најава: Ендуро „Голема награда на Скопје 2011“

  • PDF

phoca_thumb_l_enduro_skopje_3_20101025_1520753842 Момент од трката "Награда на Скопје 2010"

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје на 23 октомври на патеката крај Скопје ќе се одржи петтиот, последен натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2011.

Годинешниот шампионат во оваа возбудлива мото дисциплина е распишан во 4 класи: Е1, Е2, Е3 и Т1, а на досегашните четири натпревари во Велес, Гостивар и Битола учествуваа вкупно 47 натпреварувачи. Досегашниот рекорд на еден натпревар е 30 натпреварувачи и беше постигнат на минатогодишната „Голема награда на Скопје 2010“. Со оглед на тоа што ќе се одлучуваат титулите во сите класи, организаторите очекуваат рекорден број на натпреварувачи.

Патеката е со должина од 20 километри, а натпреварувачите ќе треба да ја поминат на три пати. Во рамките на секој круг ќе има и 2 брзински испити: првиот содржи елементи од мотокрос и ендуро, а вториот екстремни елементи. „Брзинците“ ќе бидат најпривлечни за публиката со оглед на конфигурацијата на теренот, одличната прегледност и близината до стартот. Покрај тоа на патеката ќе има и 2 временски контроли и една контролна точка.

За галеријата од минатогодишната трка кликнете овде.

Превземи:

Извор: МФМ

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06