
Денешната последна трка од шампионатите во скутери и супермото се одржа на патеката пред салата Борис Трајковски откако од оправдани причини беше преместена од Битола. Првичниот план на организаторот да се одржи трка на патеката Пржо во Битола беше поздравена од сите учесници, но и од публиката имајќи во предвид дека во текот на утрешниот ден во Битола се вози и трка од шампионатот во крос. Сепак настаните кои се случија не го дозволија одржувањето на трката во Битола па во последен момент АРТ Картинг Центарот им излезе во пресрет на организаторот и на натпреварувачите па трката се возеше на нивната патека.
Следевме вкупно шест трки, по две во секоја класа, а возачите од супермото заради малиот број на учесници возеа во една дивизија. На крајот сите задоволни ја напуштија патеката бидејќи следевме навистина возбудливи и интересни трки, што може да се долови и од неколкуте видео клипови и галеријата со фотографии од денешните трки.
Старт на првата трка во класата скутери до 50цц
Старт на првата трка во класата скутери до 100цц
Старт на втората трка во класата супермото
За галеријата од трките кликнете овде.
Резултати од денешните трки:
Класа скутери до 50цц
Класа скутери до 100цц
Класа супермото














