Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Домашно првенство Најавената мото трка скутери и супермото за во Битола прелоцирана за во Скопје

Најавената мото трка скутери и супермото за во Битола прелоцирана за во Скопје

  • PDF

Plakat-Bitola

Поради несреќниот случај кој го имаше еден од соорганизаторите, најавената трка која требаше да се одржи на патеката лоцирана во картинг центарот Пржо, ќе се одржи во АРТ картинг центарот, а датата останува непроменета, 15 октомври 2011 година. Ќе се возат две трки од Шампионатот на Македонија во скутери и супермото. Организатор е истиот како и на првата трка одржана во Кичево, МК Сакамото од Скопје, кој во петокот пред натпреварот ќе организира и слободен тренинг со почеток во 16 часот за возачите подобро да се запознаат со патеката со оглед на тоа што оваа патека ќе се вози за прв пат. Натпреварувачите со скутерите ќе бидат поделени во две класи, класи до 50 кубни сантиметри за стандард скутери без преправки и класа до 100 кубни сантиметри, а кај супермотото натпреварувачите ќе се бодуваат во класа до 250 кубни сантиметри и класа над 250 кубни сантиметри ОПЕН.

Квалификациите каде натпреврувачите ќе се натпреавруваат за место на стартот ќе започнат во 11:10, а првата трка ќе стартува во 13 часот. Натпреварот ќе започне со почесниот круг со кој сите натпреварувачи ќе му оддадат почит на возачот на Мото Клубот Сакамото, Стефан Мајнов 12.08.1989-11.07.2011 кој трагично го загуби својот живот на својот мотоциклот во тешка сообраќајна несреќа. Оваа трка воедно ќе го означи и крајот на Шампионатот на Македонија во скутери и супермото.

Според досегашните најави ќе видиме солиден број на натпреварувачи, а радува податокот дека ќе се појават повеќе нови натпреварувачи кои придонесуваат за развој на спортот.

МК Сакамото се заблагодарува на АРТ картинг центарот за поддршката.

Програма за трките

14.10.2011 ПЕТОК

 16:00-17:00 Неофицијален тренинг

15.10.2011 САБОТА

8:30-10:00 Верификација и Технички преглед

11:10-12:00 Квалификации

11:10-11:30 Скутери – 50 и 100 кубни сантиметри

11:40-12:00 Супермото до 250 и над 250 кубни сантиметри

12:45 Протоколарно отворање на натпреварот. Задолжително е присуство на сите натпреварувачи.

12:55 Почесен круг во сеќавање на Стефи Мајнов 12.08.1989 – 11.07.2011

13:00 Старт на натпреварот

13:00 Трка 1 Скутери – 50 и 100 кубни сантиметри

13:30 Трка 1 Супермото до 250 и над 250 кубни сантиметри

14:30 Трка 2 Скутери – 50 и 100 кубни сантиметри

15:00 Трка 2 Супермото до 250 и над 250 кубни сантиметри

 

Прогласувањето на победници ќе се одржи веднаш по завршување на втората трка.

Извор: МК Сакамото


Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06