На 15 ти октомври 2011 година ќе се одржи втората и третата трка од Шампионатот на Македонија во скутери и супермото, а патека-домаќин овој пат ќе биде картинг центарот Пржо во Битола. Организатор како и вообичаено кога станува збор за овие дисциплини е мото клубот Сакамото од Скопје, кој направи напори да организира две трки на 15 ти октомври, се со цел да се затвори Шампионатот согласно правилата за одржување минимум 3 трки. Класите ќе бидат истите како и оние на првата трка што се одржа на мотодромот во Кичево. За скутерите класа 50 кубни сантиметри каде ќе се појават сериски скутери без преправки и класа 100 кубни сантиметри каде ќе настапат возачите на скутери со дозволените преправки во рамките на техничкиот правилник. Кај супермотото, класа до 250 кубни сантиметри и класа над 250 кубни сантиметри. За 14ти октомври во попладневните часови е предвиден слободен тренинг, а за 15ти квалификациите и двете трки.
Посебниот правилник, програмата на натпреварот, пријавите и останатите значајни информации ќе бидат објавени деновиве.














