Забел е подготвена за кросистите во недела
Патеката Забел е подготвена да ги пречека кросистите на неделната трка која доаѓа по летната пауза во домашното првенство во мотокрос.
Не заборавајте, возбудувањата во недела започнуваат во 12.00 кога ќе започне првата трка во класата до 80цц, а половина час подоцна започнува и трката во класите 125 и 250цц. Традиционално на Забел освен класите пропишани според правилникот на МФМ, се вози и трка во класата Хоби за која има голем интерес, се вози за престиж но се бодува на крајот од сезоната како посебен куп надвор од организацијата на МФМ.
Напомена: Странските возачи не се бодуваат за државното првенство, само во меѓународна конкуренција
Напомена: Возачите во класа Хоби покрај комплетната опрема треба да направат и лекарски преглед














