Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Домашно првенство Викендов се вози првата трка со брзински мотори и скутери во Кичево

Викендов се вози првата трка со брзински мотори и скутери во Кичево

  • PDF

plakat-motori-trki-2011

На мотодромот во Кичево на 12 јуни 2011 година ќе се вози првата трка од Шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам, скутери и супермото. Организатор на трката е МК Сакамото кој до оваа година функционираше под називот МК Цобо спорт.

Класите во брзински мотоциклизам се непроменети односно ќе се возат 125, 600 и 1000 кубни сантиметри, а кај скутерите за прв пат ќе се вози класата 50 кубни сантиметри стандард со што организаторот ќе им пружи шанса на сите кои имаат желба да почнат да се занимаваат со овој спорт, а сепак немаат доволно можности за спремање на скутерот. Освен стандардните скутери ќе видиме и трка во класата на правени спортски скутери односно 100 кубни сантиметри. Уште една новина е тоа што скутерите ќе возат на скратена патека која е долга 780 метри, за разлика од минатите години кога за овие трки се користеше целата должина на мотодромот од 2050 метри.

Најзначајната новина е тоа што за прв пат во Македонија ќе се вози трка од дисциплината супермото, која во светски рамки зазема се позначајно место во мото спортот. Натпреварувачите кои ќе настапат во дисциплината супермото ќе бидат поделени во две класи до 250 кубни сантиметри и класа опен.

Квалификациите започнуваат во 11 часот, а стартот на трката ќе биде во 14 часот.

Организаторот напоменува дека секој натпреварувач задолжително треба да поседува опрема (кацига, ракавици, чизми, комбинизон) и задолжително е да биде член на мото клуб кој е членка на Мотоциклистичката федерација на Македонија и кој ја подмирил чланарината за натпреварувачката сезоната 2011. Секој натпреварувач мора да поседува и лекарски картон за 2011 година и натпреварувачка лиценца издадена од МФМ за 2011.
За малолетните натпреварувачи задолжителна е изјава од родител заверена на нотар!

Во продолжение и програмата за натпреварот:

ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАР – КИЧЕВО 1

12 ЈУНИ 2011

11.06.2011 Сабота,

11:00-19:00 Верификација и Технички преглед

15:00-19:00 Неофицијален тренинг

15:00-16:00 Скутери – 50 и 100 кубни сантиметри

16:00-17:00 Супермото до 250 и над 250 кубни сантиметри

17:00-18:00 Брзински мотоциклизам 125 кубни сантиметри

18:00-19:00 Брзински мотоциклизам 600 и 1000 кубни сантиметри

12.06.2011 НЕДЕЛА,

8:00-10:00 Верификација и Технички преглед

10:30 Прва седница на жири комисија

11:00-12:15 Квалификации

11:00-11:15 Скутери – 50 и 100 кубни сантиметри

11:20-11:35 Супермото до 250 и над 250 кубни сантиметри

11:40-11:55 Брзински мотоциклизам 125 кубни сантиметри

12:00-12:15 Брзински мотоциклизам 600 и 1000 кубни сантиметри

12:45 Втора седница на жири комисија

13:45 Протоколарно отворање на натпреварот. Задолжително е присуство на сите натпреварувачи.

14:00 Старт на натпреварот

Прогласувањето на победници ќе се одржи веднаш по завршување на натпреварот.

30 минути по завршување на натпреварот – Трета седница на жири комисија

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06