Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Домашно првенство Започнува сезоната на брзински мотоциклизам

Започнува сезоната на брзински мотоциклизам

  • PDF

plakat-motori-trki-2011

На мотодромот во Кичево на 12 јуни 2011 година ќе се вози првата трка од Шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам, скутери и супермото. Организатор на трката е МК Сакамото кој до оваа година функционираше под називот МК Цобо спорт.

Класите во брзински мотоциклизам се непроменети односно ќе се возат 125, 600 и 1000 кубни сантиметри, а кај скутерите за прв пат ќе се вози класата 50 кубни сантиметри стандард со што организаторот ќе им пружи шанса на сите кои имаат желба да почнат да се занимаваат со овој спорт, а сепак немаат доволно можности за спремање на скутерот. Освен стандардните скутери ќе видиме и трка во класата на правени спортски скутери односно 100 кубни сантиметри. Уште една новина е тоа што скутерите ќе возат на скратена патека која е долга 780 метри, за разлика од минатите години кога за овие трки се користеше целата должина на мотодромот од 2050 метри.

Најзначајната новина е тоа што за прв пат во Македонија ќе се вози трка од дисциплината супермото, која во светски рамки зазема се позначајно место во мото спортот. Натпреварувачите кои ќе настапат во дисциплината супермото ќе бидат поделени во две класи до 250 кубни сантиметри и класа опен.

Квалификациите започнуваат во 11 часот, а стартот на трката ќе биде во 14 часот.

Организаторот напоменува дека секој натпреварувач задолжително треба да поседува опрема (кацига, ракавици, чизми, комбинизон) и задолжително е да биде член на мото клуб кој е членка на Мотоциклистичката федерација на Македонија и кој ја подмирил чланарината за натпреварувачката сезоната 2011. Секој натпреварувач мора да поседува и лекарски картон за 2011 година и натпреварувачка лиценца издадена од МФМ за 2011.

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06