Момент од минатогодишната трка од Сакамото Купот на Македонија
Започнува македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам! По пауза од една година на 12 јуни на патеката во Кичево повторно ќе се возат трки од брзинскиот шампионат како и трки со скутери.
Како подготовка за првата трка, во сабота (4-ти јуни) ќе биде одржан слободен тренинг за сите заинтересирани. Патеката ќе биде отворена од 11 до 17 часот, а пристап ќе им се дозволи на сите соодветно опремени возачи.
Следниот викенд (12-ти јуни) во техничка организација на МК Сакамото на патеката во Кичево ќе имаме можност да следиме трки со скутери во класите 50 и 100цц, трки со брзинци во класите 125, 600 и 1000цц, а на патеката ќе имаме можност да проследиме и трка во класата Супермото.
Котизацијата за трката изнесува 600 денари, а организаторот се потруди да обезбеди и награди за најдобрите.














