Втората трка од Сакамото купот на Македонија во мотоциклизам на 11 јули ќе се одржи на патеката во Кичево, заедно со трка од шампионатот во автомобилизам. Не очекува вистински тркачки викенд, во кој публиката ќе има можност да ужива во возбудувањата во класите 125, 600, 1000цц и скутери, но и во автомоблските трки.
Она што е важно е дека вратите на патеката ќе бидат затворени додека трае било која сесија! Според саатницата автомобилите започнуваат со возење во 9.30 што значи дека капијата ќе биде затворена од 9.15 додека не завршат трите девизии со возење (една сесија трае половина час). Во овој период вратата ќе биде затворена и за возачите и за публиката, па испланирајте го времето на доаѓање според саатницата.
Саатница за трките
Петок
16.00-20.00 Техничка контрола и верификација за авто и мото
Сабота
9.00 Брифинг со возачи
9.30 Авто квалификации
11.00-12.00 Техничка контрола и верификација мото
12.15 Мото квалификации
14.00 Авто трка
Недела
9.00 Брифинг со возачи
9.30 Авто квалификации
11.15 Warm up мото
12.00 Отворање на трката
14.00 Авто трка
16.00 Мото трка
18.00 Прогласување, авто и мото














Коментари