Останато

TT2018: Вилијам Данлоп се повлече од трката

Вилијам Данлоп се повлече од овогодинешниот „Isle of Man TT“. Возачот на Temple Golf Yamaha соопшти дека ваквата одлука ја донел поради приватни причини.

Следете нè на:

 

„Ова е навистина тешка одлука. Единствено што можам да направам е да му се извинам на тимот и на нашите спонзори. Сепак мислам дека ќе погрешев доколку решев да продолжам да се натпреварувам. Сакам да му се заблагодарам на Тим (менаџерот на тимот) за неговата поддршка во изминативе неколку недели. Се чувствувам како да сум ги разочарал него и тимот, но и покрај тоа, тие останаа покрај мене. Сега ќе одам дома и малку ќе се одморам пред да донесам конечна одлука за тоа кога ќе се вратам во тимот.“

dunlop wiliam 18

Данлоп исто така се повлече од трката North West 200 која се оддржа минатиот викенд поради повредата која ја доби на трката од Суперсток шампионатот.

Шефот на екипата, Тим Мартин вели дека ја разбира одлуката на Данлоп и смета дека најважно сега е тој да биде подготвен за трката во Ирска која е закажана за август.

„Секако дека ова е разочарувачко за нас како тим но и за мене лично бидејќи со нетрпение чекав да работам со него на оваа трка. Но на секој настап мора да бидете 100 проценти фокусирани и посветени и затоа сметам дека одлуката на Вилијам е исправна. Се надеваме дека после една недела пауза, тој ќе се врати посилен. Сите го знаеме неговиот талент, а доколку е добро подготвен, сигурно ќе може да се бори за победа на трката во Ирска на која сме сега фокусирани.“

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!