„Нема да си заминам од тука. Доколку одлучите да испратите полиција, погрижете се тие да бидат големи момци.“ На крајот тој доби казна притвор во времетраење од четири недели како и забрана за пристап до островот во следните пет години.

Едно лице заврши во притвор откако истрча на патеката за време на тренингот кој се оддржа во понеделникот навечер. Поради ова, сесијата беше во прекин дваесетина минути. Гледачот потоа влезе во конфликт со маршалите и одби да излезе надвор од патеката. Кратко време потоа тој беше уапсен, а вчера беше изведен пред надлежен судија.

 101793975 mediaitem101791704

67-годишниот Џејмс Вилијам Форд, со потекло од Бигни, призна дека го попречил тренингот и стана првата личност која беше осудена под новиот „Road Races“ закон.

Според медиумите, Форд бил агресивен во својата комуникација со маршалите. Тој потоа и разговарал со организаторот на трката на кој наводно му кажал: „Нема да си заминам од тука. Доколку одлучите да испратите полиција, погрижете се тие да бидат големи момци.“

На крајот тој доби казна притвор од четири недели како и забрана за пристап до островот во следните пет години.

Back To Top