Останато

Рели Дакар: Тимот HRC оди напред

Уште еден долг ден за возачите на HRC тимот во планинскиот регион кој ги поврзува Кордоба и Ла Риоха.

Следете нè на:

 

helder-rodrigezХелдер Родригез е нај успешен во тимот на Хонда, моментно е на 6та позиција во генералниот пласман

Уште еден долг ден за возачите на HRC тимот во планинскиот регион кој ги поврзува Кордоба и Ла Риоха.

Возачите на почеток ги освојуваа карпестите тесни патеки, како на ендуро трка, искачувајќи се на 2000 метри надморска височина, а потоа спуштајќи се надоле кон Ла Риоха, која е на надморска височина од 357 метри. Температурата во Ла Риоха во тој момент изнесуваше 50 степени.  Се на се, тоа беше една разновидна етапа со комбинација на тесни и брзи патеки.

Стартувајќи како 5ти, Хелдер Родригез возеше добро во првиот дел од патеката, но изгуби малку време во последниот сектор и заврши како 9ти со заостанување од 9 минути и 34 секунди зад Јоан Бареда, кој ја извојува својата четврта етапна победа. Аргентинецот Хавиер Пизолито кој стартуваше на 27то место, мораше да се бори со прашината и успеа да ја подобри својата позиција кога патеката беше чистаи заврши како 14ти.

dzoni-kembellЏони Кембел со потешкотии при преминувањето на реката во 10та етапа

Тежок ден имаше и Џони Кембел, кој возеше 8 часа со силни болки поради повредите кои ги претрпе вчера, и имаше дополнителни проблеми со уште еден пад кога поминуваше преку река.

Со уште четири етапи до крај, трката е сеуште незавршена. Хелдер Родригез се искачи на уште едно место повисоко  и сега e шести, со заостанување од 34 минути и 19 секунди од Сирил Деспре кој води во генералниот пласман. Исто така и Хавиер Пизолито и Џони Кембел се искачија за едно место повисоко. Првиот од 12тото на 11тото место, а вториот од 52то на 51то место.

Havier-pikolitoХавиер Пизолито се искачи за едно место погоре во генералниот пласман

 Хелдер Родригез, SS10 9th +9’34”, шести во генералниот пласман: „Беше разновидна етапа со криви патеки на планините, а потоа и со доста брзи делови на кои имаше неколку опасности кои не беа обележани на мапата. Мислам дека стартот на деветата позиција за утре не е толку лош бидејќи етапата е повеќе техничка и ќе има повеќе песок.“

Хавиер Пизолито, SS10 14th +12’56”, 11ти во целокупниот пласман: „Ме забави прашината во првите 100 километри, но потоа поминав неколку возачи и со чист пат пред мене успеав да забрзам и да ја подобрам својата позиција.“

Џони Кембел, SS10 21st +23’00”, 51 во целокупниот пласман: „Би сакал да бев во топ форма денес бидејќи патеката беше одлична. Ми се допаѓаа кривите планински патеки, но сеуште имав болки од вчерашниот пад. Работите станаа покомплицирани откако го испуштив моторот додека ја преминував реката. Беше многу лизгаво. Се обидов да се соземам во текот на комуникациската етапа, но да возите 8 часа е многу тешко, посебно кога не сте 100 % подготвени, а јас имам големи болки во ребрата.“

 

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!