24
Сре, Мај
Останато

Red Bull X-Fighters: Бесмртниот Мур е новиот шампион

Австралијанецот Клинтон Мур беше крунисан за победник во светската серија Red Bull X-Fighters за сезоната во 2015 година, на последното натпреварување одржано во Абу Даби. Тој победи во финалето со што јазаврши сензационалната сезона во најпрестижното светско натпреварување во мотокрос слободен стил со три победи, една повеќе од најголемиот ривал Французинот Томас Паже.

Следете нè на:

 

P 20151030 00748 NewsБесмртниот Мур е нов шампион на Red Bull X-Fighters

Австралијанецот Клинтон Мур беше крунисан за победник во светската серија Red Bull X-Fighters за сезоната во 2015 година, на последното натпреварување одржано во Абу Даби. Тој победи во финалето со што јазаврши сензационалната сезона во најпрестижното светско натпреварување во мотокрос слободен стил со три победи, една повеќе од најголемиот ривал Французинот Томас Паже.

АБУ ДАБИ (Обединети Арапски Емирати) - Клинтон Мур се вивна меѓу бесмртните со победата во светската серија Red Bull X-Fighters за 2015 година, остварена преку драматичниот триумф во финалето на сезоната. Австралијанецот не ги изгуби нервите во натпреварот на кој победникот добиваше сė, спротивставувајќи му се на Томас Паже, светскиот шампион од 2013 и победувајќи го Французинот во нивната блиска битка во четврт-финалето на техничката патека, поставена на познатото крајбрежје Корниш, покрај тиркизните води на Арапскиот залив.

Иако веќе ја имаше освоено титулата светски првак, Мур покажа дека е гладен за победа и потоа го порази и МаикелМелеро од Шпанија во полуфиналето и сонародникот Роб Аделберг во финалето, со феноменален избор наегзибиции кои му донесоа скокови до 15 метри во висина и 30 метри во далечина, вклучувајќи ги тука „Волт“ и првиот „Банди“ со спуштање без раце. Џош Шихан го комплетираше австралиското трио на подиумот со освојување на третото место.

- Чувствувам дека напорната работа и решителноста конечно се исплатеа,- рече Мур. - Ова отсекогаш беше мојот сон, а тој сон сега ми се оствари.

P 20151030 00777 NewsRed Bull X-Fighters шампионатот дојде до својот крај

Со оваа победа под сјајните светла на Абу Даби на топлата вечер, Мур ја заврши сезоната со 380 поени и победи на три станици, вклучувајќи ги тука и триумфите во Мексико Сити и Атина. Паже, кој го однесе спортот до нови височини со неговите иновации, беше прв во Мадрид и Преторија, па заврши како втор во генералниот пласман со 305 поени откако го зазеде осмото место во Абу Даби, додека Аделберг се искачи на третото место од поредокот,изведувајќи нов скок „Кордова трансфер флип“, кој отсега е дел на неговиот арсенал.

Паже мораше да се бори по двете паѓања во квалификациите и излезе на врвот во првата рунда со безгрешен скок кој беше дочекан со извици на воодушевување од публиката и го заслужи правото да се бори против Мур во четврт финалето. Во дуелот со идниот шампион Паже падна изведувајќи ја фигурата „Alley Oop“, со што се распрсна неговиот сон да стане само втор возач кој двапати го освоил светското првенство.

- Многу добро ми одеше во првата рунда, но имаше голем притисок и сè друго, не знам, пак ја направив таа грешка, изгледа требаше да пробам некој нов трик,- рече Паже, кој вели дека не можел добро да се подготви за Абу Даби заради една повреда при тренинг која го мачи веќе две недели.

Иако Паже ја загуби титулата на последниот настан од сезоната, што му се случува вторпат по 2012 година, Муримаше пофални зборови за својот ривал.

- Том е легенда во овој спорт, тој е најголемиот иноватор и секогаш нè поттикнува да преминуваме нови граници. Не успеа беше само зашто немаше среќа.

Резултати Абу Даби: 1. Клинтон Мур (Австралија), 2. Роб Адлберг (Аустралија), 3. Џош Шихан (Австралија), 4. Маикел Мелеро (Шпанија), 5. Реми Бизуар (Франција), 6. Дени Торес (Шпанија), 7. Така Хигашино (Јапонија), 8. Том Паже (Франција), 9. Хавиер Вилегас (Чиле), 10. Лук Акерман ( Германија)

Конечна табела: 1. Клинтон Мур (Австралија), Томас Паже (Франција), 3. Роб Аделберг (Аустралија), 4. Џош Шихан (Аустралија), 5. Ливај Шервуд (Нов Зеланд), 6. Дејвид Риналдо (Франција), 7. Дени Торес (Шпанија), 8. Реми Бизуар (Франција), 9. Така Хигашино (Јапонија), 10. Маикел Мелеро (Шпанија)

 

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!