23
Сре, Авг
Останато

Одложена првата етапа од релито Дакар

Дожд и грмтевици во Аргентина, особено во областа каде беше планиран брзинскиот испит од првата етапа на релито Дакар 2016, резултираше со откажување на првиот ден натпреварување на ова епско, 9000 километри долго, рели.

Следете нè на:

 

Деведесет минути после закажаниот старт, директорот на трката Етиен Лавиње, потврди дека временските услови ги спречуваат хеликоптерите да летаат, а тоа значи дека безбедноста на натпреварувачите не може да биде загарантрана.  Етапата требаше да биде долга 637 километри, вклучувајќи го и 227 километри долгиот брзински испит, од Росарио до Вила Карлос Паз.

Менаџерот на KTM Red Bull, Алекс Дорингер, изјави дека денот воопшто не бил лесен. „Веќе патувавме 1000 километри, а успеавме да извозиме само 10 километри. Секако дека не сме среќни поради ова. Но не можеме да го промениме времето. Мораме да ја прифатиме ситуацијата и мораме да се подготвиме за утре.“

12440354 948721461874721 1545727588103691618 oДакар 2016: Временските услови ја откажаа првата етапа

На прашањето дали двајцата тимски возачи, Антоан Мео и Лаиа Санц, кој загубија неколку минути за време на преминувањето преку реката дали ќе успеат да го надополнат загубеното време,  Дорингер изјави: „ Можеби ако денес беше нормален ден, тие ќе можеа да ги надополнат тие минути, но ситуацијата е таква каква што е. Утре тие ќе го дадат најдоброто од себе.“

„Мислам дека и во наредните денови треба да очекуваме исто време како и денеска.  Но тоа е исто за сите и мораме да работиме ден за ден. Мораме да бидеме паметни со модификациите.  Мораме за многу кратко време да ги разбереме и да им ги објасниме на нашите возачи. Тогаш ќе видиме што ќе се случи. Имаме добра комбинација од возачи и мислам дека сите се уште се возбудени бидејќи трката уште не е почната. “

Доколку трката почне во Понеделник, натпреварувачите ги очекува уште еден напорен ден. Патот од Вила Карлос Паз до Термас де Рио Хондо е долг 786 километри, а во него е вклучен и брзинец долг 450 километри. Според организаторите, теренот не би требало да преставува проблем. Тој би требало да преставува предност за возачите кои сакаат брзо возење по ридови. Но има неколку премини преку реката кои можеби се оштетени од временските услови.

По откажувањето на трката во саботата, ветеранот Жорди Виладомс, заостанува само 13 секунди од најдоброто време. Матијас Вакнер од Австрија и Тоби Прајс од Австралија заостануваат 17 односно 18 секунди.  Мео и Санц ќе мора да го дадат најдоброто од себе за да ги надополнат минутите што ги загубија.

comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!