Како што веќе знаете, релито Дакар почна на 2-ри јануари. Сите возачи имаа добар старт, а после три етапи лидер на релито е КТМ.

Австралиецот Тоби Прајс го започна денот од седумнаесетото место. Но сепак за кратко време тој успеа да се искачи на првото место и успеа да се задржи на истата позиција се до крајот.

„Денеска беше комплетно различен ден. Имаше голема брзина, многу брзи патишта и имаше многу прашина. Исто така имаше и многу животни. Не беше тежок денот за навигација но мора да внимавате на животните кои се појавуваат на патот. Но добро е кога ќе ја завршиш трката на ваква жештина,“ изјави Прајс.

ktm currently leads the dakar 2017 114320 1

Третата етапа беше добра и за Матиас Валкнер кој заврши на второто место.

„Трката денеска беше претежно права и имаше само дваесетина свиоци.Но беше прилично тешка особено на стартот поради вегетацијата и животните. Но сепак на крајот имавме добар ден,“ изјави Валкнер.

Третиот член на екипата успеа да го заврши вториот дел од етапата на четвртото место со заостанување од 4 минути и 19 секунди зад лидерот. Сепак загуби во последниот дел од етапата и во моментов се наоѓа на петото место.

Лејла Саинц се уште е лидер кај жените и ја заврши етапата на 24. место со заостанување од 16:29 минути зад лидерот. Во моментов таа се наоѓа на 25.место во генералниот пласман. 

ktm currently leads the dakar 2017 4

Back To Top